Телефонски разговор помеѓу претседателот Ердоган и германската канцеларка Меркел

Во телефонскиот разговор стана збор за последните случувања во подрачјето на Идлиб и кризата во Сирија, а беа поставени на маса и прашањата за соработка и заедничко работење во однос на регионални прашања

1368919
Телефонски разговор помеѓу претседателот Ердоган и германската канцеларка Меркел

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел. 

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, во телефонскиот разговор стана збор за последните случувања во подрачјето на Идлиб и кризата во Сирија, а беа поставени на маса и прашањата за соработка и заедничко работење во однос на регионални прашања.

Портпаролот на германската влада Штефан Сајберт исто така во објавеното писмено соопштение истакна дека Меркел и Ердоган во телефонскиот разговор се осврнале на актуелната ситуација во Идлиб.

Велејќи дека канцеларката Ангела Меркел го доставила своето сочувство за загинатите турски војници во подрачјето на Идлиб, Штефан Сајберт рече: „Канцеларката Меркел го осуди безмилосниот напад врз турските единици и упати повик сирискиот режим и неговите поддржувачи да стават крај на нападите.“

Портпаролот на германската Влада Штефан Сајберт информира дека двајцата лидери, Меркел и Ердоган, се едногласни во однос на тоа дека под итно треба да се постигне нов договор по прашањето на пркеинот на огнот и дека затоа е потребно во најскоро можно време да започнат политичките разговори.

Освен тоа, Сајберт го истакна и тоа дека канцеларката Меркел му ја ветила на претседателот Ердоган солидарноста на германската влада по прашањето на доставување на хуманитарна поддршка на раселените луѓе во подрачјето на Идлиб.



Слични вести