Телефонска дипломатија од Чавушоглу посветена на случувањата во Идлиб, во Сирија

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу, по извршениот кукавички воздушен напад од страна на режимските сили во подрачјето на Идлиб во кој станаа шехиди (загинаа) 33 турски војници оствари телефонски разговори со голем број свои колеги

1369073
Телефонска дипломатија од Чавушоглу посветена на случувањата во Идлиб, во Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, по нападот извршен од страна на режимските сили во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија во кој станаа шехиди (загинаа) 33 турски војници, оствари телефонски разговори со голем број свои колеги.

Чавушоглу вчера водеше телефонски разговори со францускиот министер за надворешни работи Жан Ив-Ле Дриан, шпанскиот министер за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја и со Жозеп Борел, високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика.

Жозеп Борел, во врска со разговорот во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, истакна дека намалувањето на затегнатоста претставува клуч за ефикасно разгледување на проблемите на теренот.

Борел напиша: "Треба да се стави крај на гинењето и болката на луѓето. Добиена е гаранција во однос на тоа дека Турција останува посветена на договорот за мигранти меѓу Турција и Европската унија (ЕУ)."

Исто така и холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу и украинскиот министер за надворешни работи Вадим Пристајко, го побараа по телефон министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и го изразија своето сочувство за турските војници кои станаа шехиди (загинаа) во завчерашниот кукавички напад на режимските сили во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.



Слични вести