Синирлиоглу: Турција не сака војна, но доколку постои закана за нејзината безбедност нема да се двоуми од употреба на сила

Постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу истакна дека Турција не сака војна, но дека доколку постои закана за нејзината безбедност нема да се двоуми од употреба на сила

1369077
Синирлиоглу: Турција не сака војна, но доколку постои закана за нејзината безбедност нема да се двоуми од употреба на сила

Постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу, се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) кој на барање на САД, Велика Британија, Германија, Франција, Белгија, Естонија и Доминиканската Република одржа итен состанок  за разгледување на растечката затегнатост во подрачјето на Идлив во Сирија.

Синирлиоглу истакна дека Турција не сака војна, но дека доколку постои закана за нејзината безбедност нема да се двоуми од употреба на сила.

Тој напомена дека во моментот кога завчера беа извршени воздушните напади во кои животот го загубија 33 турски војници на радарските снимки е забележано како режимските и руските авиони реализираат „заеднички лет“.

Феридун Синирлиоглу рече дека турските сили во таа област биле сами и намерно биле погодени.

Велејќи дека и покрај тоа што однапред била сработена писмена координација со руските сили во однос на тоа каде се наоѓа турскиот конвој и веднаш по првиот напад било доставено предупредување воздушните напади продолжиле, Синирлиоглу рече дека биле погодени дури и амбулантните возила коишто биле испратени за ранетите војници.

Синирлиоглу истакна дека Турција го продолжува дијалогот со Русија и дури денот кога беше извршен тој подол напад во Анкара престојуваше делегација од Русија.

„Ја известивме руската страна уште еднаш дека нема да ги напуштиме нашите набљудувачки пунктови и ќе продолжиме со воените зајакнувања.“ - рече Тој.

„Нашите војници ги жртвуваа своите животи за да ги одбранат животите на цивилите во Идлиб. Присуството на Турција во Идлиб е единствената гаранција и за продолжување на хуманитарната помош. Режимот и неговите поддржувачи сакаат да ја вовлечат Турција во една валкана војна. Турција не сака војна, но доколу постои закана за нејзината безбедност, нема да се двоуми од употреба на сила. При било каква провокација или вознемирување пак, несомнено ќе одговори.“ - истакна Синирлиоглу.

Појаснувајќи дека Турција покажува максимална воздржаност за избегнување од директен воен судир, постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу го рече следното: „Ова претставува борба помеѓу правилното и погрешното и Турција сиве овие напори ги презема во име на меѓународната заедница, за одбрана на милиони цивили од кои повеќето жени и деца. Сите вие ни се заблагодарувате за нашите неисцрпни напори, меѓутоа она што го бараме ние од вас не е благодарност, туку да ја споделите оваа одговорност. Судбината на милиони цивили претставува наша заедничка одговорност. Дојде времето овој Совет веќе да каже дека е доста и да стави крај на воените злосторства на режимот и на неговите несовесни однесувања коишто им се закануваат директно на мѓународниот мир и безбедноста.“



Слични вести