Претседателот Ердоган: Со безбедната зона сакаме да ги ставиме под гаранција нашите граници

Претседателот Ердоган рече: „Со безбедната зона во Сирија сакаме да ги ставиме под гаранција нашите граници. Нашата намера таму не е ниту нафтата, ниту територијата.“

1369056
Претседателот Ердоган: Со безбедната зона сакаме да ги ставиме под гаранција нашите граници

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на средбата со пратениците на својата АК Партија од Истанбул истакна дека Турција се наоѓа во Сирија за сопствената безбедност, а не за територија (земја) или нафта и дека со формирање на безбедна зона сака да ги стави под гаранција своите граници.

Ердоган рече: „Со безбедната зона во Сирија сакаме да ги ставиме под гаранција нашите граници. Нашата намера таму не е ниту нафтата, ниту територијата.“

„Ние, таму не отидовме на покана на Асад, ние таму отидовме на покана на сирискиот нарпод“ - појасни претседателот Ердоган и го подвлече следното: „Се додека сирискиот народ не рече 'готово е оваа работка е завршена', ние немаме и намера да излеземе оттаму.“

Ердоган во својот говор истакна дека претходно соопштената бројка завчера од 34 дадени шехиди (загинати) војници во операцијата во Идлиб потоа се зголеми на 36 (загинати) војници шехиди.

Велејќи дека продолжуваат работите за формирање на безбедна зона во длабочина од 30 километри во должина на целата граница со Сирија, претседателот Ердоган рече: „Не ја оставем на земјата крвта на нашите шехиди (загинати војници). Досега се убиени над 2.100 режимски војници, се уништени приближно 300 возила. Заклучно синоќа се погодени 7 складишта со хемиски материјали. Апсолутно не сакавме работата да дојде до оваа точка. Меѓутоа, штом не принудија самите на тоа ќе се помират и со последиците.“

„Вистинската цел на сценариото пред нас не е Сирија, туку Турција. Оние кои ќе го добијат посакуваното во Сирија веднаш своето оружје ќе го вперат кон Турција.“ - рече Ердоган и додаде: „Не е можно да се мисли дека оние кои денеска ја поделија Сирија на 3 дела, ќе покажат почит кон интегритетот на Турција.“

Велејќи „Што беше зборот што ни беше даден? Ќе ја извадеа терористичката организација ЈПГ, ПЈД од овие области. Ниту Русија, ниту САД можеа да ги одржат овие свои зборови, не можеа да ја извадат.“ - претседателот Ердоган продолжи со следните зборови: "Оние кои им доставија помош на терористичките организации со илјадници шлепери оружје, муниција, возила и опрема, додека режимот повторно од овие земји купи во многу сериозна мера оружје, муниција, ракети и сѐ друго, никој не и дава било каква поддршка на Турција ниту по ова прашање ниту во врска со бегалците.“

„На господинот Путин му реков. 'Што вие имате работа таму? Ако вие формирате база, пак формирајте, меѓутоа таму тргнете ни се од патот.' “ - појасни Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, освен тоа во својот говор велејќи дека Турција нема да ги затвори своите гранични премини и во понатамошниот процес и рече: „Што рековме пред месеци? Ако ова оди вака ќе бидеме приморани да ги отвориме вратите. Се вознемирија. Не поверуваа во ова што го рековме. И ние, што направивме вчера? Ги отворивме вратите. Сега, заклучно со утрово оние кои навалија на вратите и поминаа станаа приближно 18 илјади. Но денеска, веројатно ќе достигне до 25-30 илјади. Овие врати нема да ги затвориме и во понатамошниот процес.“

Велејќи „Ние згрижуваме во нашата земја 3,7 милиони Сиријци“, Ердоган напомена дека Турција не е во можност да поднесе еден нов бегалски бран.

Тој рече: „Секој треба да го види и прифати тоа дека борбата којашто се води во Сирија е поврзано со иднината на сите нас.“

„Ќе им ја покажеме нашата решителност и на режимот и на оние кои го поддржуваат.“ - порача претседателот Ердоган. 



Слични вести