Претседателот Ердоган и американскиот претседател Трамп разговараа за случувањата во сириски Идлиб

Во телефонскиот разговор помеѓу претседателот Ердоган и американскиот претседател Трамп, освен билатерални прашања беа разгледани и регионални прашања на чело со последните случувања во подрачјето на Идлиб во Сирија

1368917
Претседателот Ердоган и американскиот претседател Трамп разговараа за случувањата во сириски Идлиб

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Во разговорот освен билатерални прашања беа разгледани и регионални прашања на чело со последните случувања во подрачјето на Идлиб во Сирија.

Претседателот Ердоган во разговорот ја потврди решителноста на Турција за исчистување од режимските елементи на подрачјето на Идлиб од границите дефинирани со меморандумот од Сочи. 

Двајцата лидери, Ердоган и Трамп, постигнаа согласност по прашањето без да се губи време да се фрлат дополнителните чекори за спречување на големата човечка драма којашто се доживува во подрачјето на Идлиб.

Од друга страна, писмено соопштение во врска со остварениот телефонски разговор синоќа помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп пристигна и од Џуд Дир, заменик портпаролот на Белата куќа.

Во соопштението се нагласува дека претседателот Трамп го изразил своето сочувство до Ердоган за турските војници кои стнаа шехиди (загинаа) завчера во подрачјето на Идлиб и се истакнува следното: „Претседателот Трамп ја повтори својата поддршка на напорите на Турција за намалување на судирите и спречување на човечката катастрофа во северозападниот дел на Сирија. Двајцата лидери, постигнаа согласност по прашањето на тоа дека треба да престанат нападите на сирискиот режим и на Иран и Русија, без да бидат убиени поголем број невини луѓе и раселени од нивните домови.“



Слични вести