Треба да се преземе иницијатива за заштита на цивилите и забранетата зона на летови

Убиствениот режим во Сирија врши етничко чистење и планира да протера милиони Сиријци од Идли

1368455
Треба да се преземе иницијатива за заштита на цивилите и забранетата зона на летови

Фахретин Алтин, директорот на Дирекцијата за комуникации при претседателството рече дека „сите свесни и чесни луѓе треба да го кренат својот глас против масакрите на режимот во Сирија кој ги врши врз својот народ.

Меѓународната заедница треба да преземе иницијатива за заштита на цивилите и создавање забранета зона на летови.“

По вчерашниот кукавички напад на силите на режимот на Асад во Идлиб во кој загинаа 33 турски војници, Фахретин Алтун преку профилот на твитер објави нови коментари.

„Убиствениот режим во Сирија врши етничко чистење и планира да протера милиони Сиријци од Идлиб. Исто така одбива да ги реализира дадените ветувања и гаранции на преговорите во Астана. Турција го користи правото на самоодбрана  и во рамките на операциите во Идлиб насочени за спречување на човечката драма се раководи согласно меѓународното право. Турција веќе не ќе може и не располага со капацитет и извори да прими уште еден милион сириски бегалци“ рече Алтун.

„Сирискиот режим ја искористува празнината од непокажаните меѓународни реакции поради кривичните дела што ги изврши, додека препуштањето на Идлиб на својата судбина, ќе претставува остварување на црните соништа и илузии на режимот, подвлече Алтун.

„Со месеци милиони цивили се изложени на воздушни напади и бомбардира од страна на режимот. Систематски од страна на режимот се уништуваат голем број објекти на градот меѓу кои училиштата и болниците. Пред очите на јавноста се врши постепен геноцид. Сите свесни и чесни луѓе треба да го кренат својот глас против овој масакр“ рече Алтун.



Слични вести