Телефонски разговор помеѓу министрите за одбрана Турција и САД, Хулуси Акар и Марк Еспер

Двајцата министри за одбрана, Акар и Еспер, во телефонскиот разговор разменија мислења во однос на билатералните односи и регионални одбранбени и безбедносни прашања, на чело со проблемот во подрачјето на Идлиб, во Сирија

1368065
Телефонски разговор помеѓу министрите за одбрана Турција и САД, Хулуси Акар и Марк Еспер

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар оствари телефонски разговор со американскиот секретар за одбрана Марк Еспер.

Според објавеното писмено соопштение од Министерството за национална одбрана, двајцата министри за одбрана, Акар и Еспер, во телефонскиот разговор разменија мислења во однос на билатералните односи и регионални одбранбени и безбедносни прашања, на чело со проблемот во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Американскиот Секретаријат за одбрана (Пентагон) исто така во објавеното соопштение во врска со остварениот телефонски разговор и подрачјето на Идлиб го истакна следното: „Како што стана збор и во остварениот телефонски разговор, ги бараме патиштата САД да работат заедно со Турција и со меѓународната заедница.“

Портпаролот на Пентагон потполковник Карла Глеасон, во врска со остварениот телефонски разговор помеѓу министерот за национална одбрана Хулуси Акар и американскиот секретар за одбрана Марк Еспер го истакна следното: „Двајцата министри, разговараа за бруталната агресивност на Асадовиот режим во Идлиб, кој е поддржуван од страна на Русија и Иран, човечката криза за којашто тоа станува причина во северозападниот дел на Сирија и за ситуацијата во Либија.“



Слични вести