Соопштение од МНР на Русија во врска со кукавичкиот напад врз турските војници во Идлиб

Во објавеното соопштение од руското минситерство за надворешни работи, во врска со турските војници се наведува дека „се наоѓале на место на коешто не требало да се наоѓаат“ и се истакнува дека „биле погодени од страна на џетовите на режимот (на Сирија)“

1368144
Соопштение од МНР на Русија во врска со кукавичкиот напад врз турските војници во Идлиб

Русија го наруши своето молчење по извршениот кукавички напад од страна на режимот во подрачјето на Идлиб, во северопзападниот дел на Сирија, во кој станаа шехиди (загинаа) 33 турски војници.

Во објавеното соопштение од руското минситерство за надворешни работи, во врска со турските војници се наведува дека „се наоѓале на место на коешто не требало да се наоѓаат“ и се истакнува дека „биле погодени од страна на џетовите на режимот (на Сирија)“.

Во соопштението се вели дека во областа кадешто се погодени турските војници немало руски авиони и не била реализирана операција, а воедно се додава следното: „По загубите на Турција сме спремни за применување на прекинот на огнот.“

Освен тоа, во соопштението на руското министерство за надворешни работи се подвлекува дека Русија постојано е во контакт со координациониот центар на Турција во Идлиб.



Слични вести