Сочувство од Ибрахим Калин за загинатите турски војници во подрачјето на Идлиб
Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, на 33-те турски војници кои станаа шехиди (загинаа) во подлиот напад на режимските сили им посака милост од Аллах, а на ранетите им посака побрзо оздравување

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин истакна дека кризата којашто се доживува во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, ги надмина сите граници.
Калин, на 33-те турски војници кои станаа шехиди (загинаа) во подлиот напад на режимските сили, им посака милост од Аллах, а на ранетите им посака побрзо оздравување.
Велејќи дека од синоќа од полноќ до утрото е најостро одговорено на извршениот кукавички напад врз турските војници, Калин напомена дека ѝ во подрачјето на Идлиб ѝ во други различни подрачја на Сирија се погодени од воздух и од копно над 200 режимски цели.
„Нашиот народ да нема сомневање во тоа дека ќе остане на земјата крвта на нашите шехиди (дека нема да бидат осветени). Нашата армија сигурно ќе ја побара сметка за тоа од крволочниот Асадов режим. Присутната криза во Идлиб ги надмина сите граници. Затоа, меѓународната заедница веќе треба да каже стоп за човечката криза којашто се доживува во Идлиб и Сирија и треба да фрли конкретни чекори.“ - рече портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин.
Слични вести

Борбата на Турција против Ковид-19 во изминатите 24 часа: Починаа 167 лица, регистрирани се 6.818 позитивни случаи
