Пораки со сочувство од Азербејџан до Турција за загинатите турски војници во подрачјето на Идлиб

По извршениот кукавички воздушен напад од страна на режимските сили во подрачјето на Идлиб, во Сирија, во кој станаа шехиди (загинаа) 33 турски војници, а 32 војници се ранети пристигнаа пораки со сочувство и од Азербејџан

1368718
Пораки со сочувство од Азербејџан до Турција за загинатите турски војници во подрачјето на Идлиб

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев испрати порака со сочувство до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за турските војници кои станаа шехиди (загинаа) во извршениот воздушен напад во подрачјето на Идлиб, во Сирија.

Претседателот Алиев својата порака ја започна со изразот „Мој мил брате“, а потоа продолжи со следните зборови. „Со длабоко жалење ја дочекав веста за шехидите (загинати) турски војници шехиди. Во мое лично име и во име на азербејџанскиот народ ви изразувам сочувство вам, на семејствата и блиските на загинатите и на братскиот турски народ. Им посакувам милост од Аллах.“

Во објавената порака со сочувство на профилот и на министерството за надворешни работи на Азербејџан на социјалната мрежа Твитер, исто така е напишано следното: „Веста за турските војници шехиди (загинати) во Идлиб длабоко не растажи. На шехидите им посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до нивните семејства и турскиот народ. Прими сочувство братска Турција.“

Воедно и азербејџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов, за турските војници кои станаа шехиди (загинаа) во кукавичкиот воздушен напад во подрачјето на Идлиб во Сирија, испрати порака со сочувство до министерот за национална одбрана Хулуси Акар и до началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер.

Хасанов во својата порака истакна дека со длабоко жалење е дознаено за веста за шехидите (загинатите) и ранетите турски војници во извршениот кукавички напад во Идлиб. 

Закир Хасанов го изрази своето сочувство до семејствата и блиските на шехидите (загинати) турски војници, на ранетите војници им посака побрзо оздравување.

„Вашата болка е наша болка. Истакнувам дека сум сигурен во тоа дека ќе резултира со успех операцијата за борба против тероризмот којашто се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС).“ - истакна азербејџанскиот министер за одбрана Закир Хасанов во својата порака.



Слични вести