Омер Челик: Веќе не сме во можност да ги држиме бегалците

Портпаролот на владејачката АК Партија Омер Челик рече: „Нашата мигрантска политика е иста, меѓутоа постои една состојба (реалност), веќе не сме во можност да ги држиме бегалците“

1367880
Омер Челик: Веќе не сме во можност да ги држиме бегалците

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик во дадената изјава по извршениот кукавички напад од страна на сирискиот режим во подрачјето на Идлиб, во Сирија, во кој станаа шехиди (загинаа) 33 турски војници, а 32 војници се ранети, истакна дека Турција веќе не е во можност да ги држи (спречува) бегалците) кои сакаат дазаминат за Европа).

Омер Челик рече: „Нашата мигрантска политика е иста, меѓутоа постои една состојба (реалност), веќе не сме во можност да ги држиме бегалците.“

Инаку, претходно беше информирано дека нема да се спречат премините по копно и по море на бегалскиот бран формиран на границата на Турција од страна на народот во подрачјето на Идлиб кој бега од жестоките напади на сирискиот режим.

Исто така им беа издадени потребните инструкции и на екипите за крајбрежна безбедност и гранична безбедност на Турција по ова прашање. 



Слични вести