НАТО на барање на Турција поради нападот врз турските војници денеска ќе одржи вонреден состанок

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека по нападот на сирискиот режим врз турските војници во подрачјето на Идлиб, на барање на Турција е активиран членот број 4 од Северноатлантскиот договор на НАТО

1368182
НАТО на барање на Турција поради нападот врз турските војници денеска ќе одржи вонреден состанок

Организацијата на Северноатлантскиот договор НАТО сооопшти дека на доставено барање на Турција по кукавичкиот напад врз турските војници во подрачјето на Идлиб, во Сирија, денеска ќе одржи вонреден состанок.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека на барање на Турција е ставен во примена членот број 4 од Северноатлантскиот договор на НАТО.

Столтенберг рече дека Северноатлатнскиот совет ќе се состане на ниво на постојани претставници и ќе се дискутира за случувањата во Сирија.

Инаку, согласно членот број 4 од Северноатлатнскиот договор на НАТО една земја членка на Алијансата може да достави барање за советување со земјите сојузнички тогаш кога смета дека се загрозени нејзиниот територијален интегритет, нејзината политичка независност или при закана против нејзината безбедност.



Слични вести