Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и воените команданти за операцијата во Идлиб на нултата точка на сириската граница

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба на командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар и командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз, пристигна во оперативниот центар на нултата точка на границата

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и воените команданти за операцијата во Идлиб на нултата точка на сириската граница

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно и со командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар и командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз, веднаш по кукавичкиот напад во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, во кој станаа шехиди (загинаа) 33 турски војници, замина за градот Хатај, веднаш во непосредна близина на сириската граница.

По одржаниот „Безбедносен самит“ синоќа во претседателската палата под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба на командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар и командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Ќучукакјуз, пристигна во оперативниот центар на нултата точка на границата со Сирија.

Министерот Акар во Центарот за тактичка команда во Хатај од кадешто се раководи и управува со активностите во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, беше инфориран во врска со последните случувања и ги даде неопходните инструкции на војската.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, оттука раководи и управува со операцијата која што се реализира против режимските сили од копно со артилериски оган и од воздух.



Слични вести