Хулуси Акар: Над 200 цели на режимот се подложени на жесток оган и се неутрализирани 309 режимски војници

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар соопшти дека во рамките на реализираната операција синоќа врз позициите на силите на режимот на Бешар Асад во подрачјето на Идлиб се неутрализирани 309 режимски војници

1368465
Хулуси Акар: Над 200 цели на режимот се подложени на жесток оган и се неутрализирани 309 режимски војници

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) синоќа, по кукавичкиот напад извршен од страна на силите на Асадовиот режим врз турските војници во текот на целата ноќ жестоко ги гаѓаа позициите на елементите на режимот во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Моментите од погодените позиции на режимските сили со реализирани напади од воздух и од копно со аритлериски орудија, беа снимени од страна на беспилотни летала.

На снимките привлекува внимание тоа што се погодени со сто процентна прецизност конвоите со оклопни возила на режимот, подвижни елементи, штабови, складишта за муниција и други воени цели. 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во дадената изјава по ова прашање соопшти дека во рамките на реализираната операција синоќа врз позициите на силите на режимот на Бешар Асад во подрачјето на Идлиб се неутрализирани 309 режимски војници.

Хулуси Акар рече: „По кукавичкиот напад со нашите авиони, вооружени беспилотни летала (СИХА) и со артилериски орудија од копно е отворен жесток оган врз над 200 сели на режимот. Притоа се уништени 5 хеликоптери, 23 тенка, 23 топови и хаубици, еден противвоздушно одбранбен систем SA-17 и еден противвоздушно одбранбен систем SA-22, а воедно се неутрализирани и 309 војници на режимот.“



Слични вести