Фуат Октај: Асад и режимските сили тешко ќе ја платат сметката за извршениот кукавички напад

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека Асад и режимските сили тешко ќе ја платат сметката за извршениот кукавички напад во кој станаа шехиди (загинаа) 33 турски војници

1367992
Фуат Октај: Асад и режимските сили тешко ќе ја платат сметката за извршениот кукавички напад
omer celik.jpg
altun.jpg

Потпретседателот Фуат Октај во објавеното писмено соопштение во врска со извршениот напад врз турските војници во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, истакна дека Бешар Асад и режимските сили тешко ќе ја платат сметката за извршениот кукавички напад во кој станаа шехиди (загинаа) 33 турски војници.

Октај во соопштението го напиша следното: „Челникот на терористичката држава, чие име ќе биде запишано во историјата како воен злосторник и режимските елементи тешко ќе ја платат сметката за овој кукавички напад (во кој станаа шехиди 33 турски војници). На нашите војници Мехметчик кои станаа шехиди (загинаа) во извршениот кукавички напад врз нашите војници кои се наоѓаат на задача во Идлиб за воспоставување на безбедноста на границата на нашата земја, им посакуваме милост од Аллах, а на нашите ранети им посакуваме побрзо оздравување.“

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун по извршениот кукавички напад врз турските војници во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, објави порака во која соопшти дека активностите на теренот во Сирија ќе продолжат се додека не бидат скршени  рацете на оние кои посегнуваат по турското знаме.

Алтун во пораката што ја објави по нападот на сирискиот режим во кој според првични информации станаа шехиди (загинаа) 22 турски војници нагласи дека оваа пролеана крв нема да остане на земјата. 

„Е донесена одлука за давање одговор во иста мера против илегалниот режим  чие оружје е вперено кон нашите војници. Со нашите воздушни и артилериски елементи е отворен оган врз сите утврдени цели на режимот и ќе продолжат да се гаѓаат.“ - истакна шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во својата порака. 

Портпаролот на Партијата за правда и развој (АК Партијата) Омер Челик исто така во дадената изјава во врска со кукавичкиот напад врз турските војници во подрачјето на Идлиб во Сирија, го рече следното: „Режимот убиец и оние кои го охрабруваат на најтежок начин ќе ја платат сметката на ова подлост.“



Слични вести