Фахреттин Алтун: Крвта на турските војници шехиди во Идлиб нема да остане на земјата

По кукавичкиот напад врз турските војници во подрачјето на Идлиб, шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун објави порака во која истакна дека крвта на турските војници нема да остане на земјата

1367860
Фахреттин Алтун: Крвта на турските војници шехиди во Идлиб нема да остане на земјата

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун по извршениот кукавички напад врз турските војници во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, објави порака во која соопшти дека активностите на теренот во Сирија ќе продолжат се додека не бидат скршени  рацете на оние кои посегнуваат по турското знаме.

Алтун во пораката што ја објави по нападот на сирискиот режим во кој станаа шехиди (загинаа) 33 турски војници нагласи дека оваа пролеана крв нема да остане на земјата. 

„Е донесена одлука за давање неколкукратен одговор против илегалниот режим  чие оружје е вперено кон нашите војници. Со нашите воздушни и артилериски елементи е отворен оган врз сите утврдени цели на режимот и тие ќе продолжат да се гаѓаат.“ - истакна шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун во својата порака. 

Портпаролот на Партијата за правда и развој (АК Партијата) Омер Челик исто така во дадената изјава во врска со кукавичкиот напад врз турските војници во подрачјето на Идлиб, во Сирија, го рече следното: „Режимот убиец и оние кои го охрабруваат на најтежок начин ќе ја платат сметката за ова подлост.“

 



Слични вести