Делегациите на Турција и Русија продолжуваат со преговорите за Идлиб

Претходно турската и руската делегација во врска со Идлиб во Анкара и Москва одржаа по два круга преговори

1368794
Делегациите на Турција и Русија продолжуваат со преговорите за Идлиб

Преговорите меѓу делегациите на Турција и Русија во врска со состојбата во Идлиб во Сирија продолжија и денес.

Според дипломатски извори, делегациите предводени од заменик министерот за надворешни работи амбасадорот Седат Онал и специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за Сирија Александр Лаврентиев и рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершин, во рамките на третиот круг на третиот ден на преговорите повторно се состанаа во  зградата на МНР.

Претходно турската и руската делегација во врска со Идлиб во Анкара и Москва одржаа по два круга преговори.

Вчера и завчера делегациите на двете земји во рамките на средбите во зградата на МНР разговараа за состојбата во Идлиб.



Слични вести