Бројот на загинатите турски војници во кукавичкиот напад во подрачјето на Идлиб се зголеми на 33

Валијата на Хатај Рахми Доган соопшти дека во извршениот кукавички напад од страна на режимските сили во подрачјето на Идлиб станаа шехиди (загинаа) 33 војници, а 32 војници се ранети

1367868
Бројот на загинатите турски војници во кукавичкиот напад во подрачјето на Идлиб се зголеми на 33

Во извршениот кукавички напад од страна на режимските сили во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, станаа шехиди (загинаа) 33 турски војници, а 32 војници се ранети.

Првата изјава во врска со оваа жалосна вест која ја облеа во тага целата земја, пристигна од валијата на Хатај Рахми Доган кој најпрвин истакна дека во кукавичкиот напад станаа шехиди (загинаа) 9 турски војници, а потоа соопшти дека бројот на загинатите турски војници се зголеми на 22 и дека има и ранети војници од кои некои потешко.

Тој истакна дека ранетите турски војници се донесени на лекување во болниците во Хатај.

Валијата Доган потоа соопшти дека животот го загубија уште 7 тешко ранети војници со што бројот на турските војници кои станаа шехиди (загинаа) се зголеми на 29 и дека продолжува лекувањето на 36 ранети војници.

По извесно време пристигна уште една изјава од валијата на Хатај Рахми Доган кој соопшти дека во кукавичкиот напад на режимските сили животот го загубија уште 4 турски војници и дека бројот на загинатите војници се зголеми на 33 и дека продолжува лекувањето на 32 ранети војници.

Валијата Доган рече дека здравствената состојба на ранетите турски војници е добра.



Слични вести