Бројот на загинатите турски војници во кукавичкиот напад на сирискиот режим во подрачјето на Идлиб се зголеми на 29

Бројот на турски војници кои станаа шехиди (загинаа) во извршениот кукавички напад од страна на режимските сили во подрачјето на Идлиб се зголеми на 29, а голем број турски војници се ранети од кои некои потешко

1367865
Бројот на загинатите турски војници во кукавичкиот напад на сирискиот режим во подрачјето на Идлиб се зголеми на 29

Во извршениот кукавички напад од страна на режимските сили врз турските војници кои се наоѓаат на задача во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, станаа шехиди (загинаа) 29 турски војници.

Оваа жалосна вест пристигна од валијата на градот Хатај Рахми Доган.

Валијата Рахми Доган во својата прва изјава соопшти дека во кукавичкиот напад станаа шехиди (загинаа) 9 турски војници, а потоа истакна дека бројот на загинатите турски војници изнесува 22 и дека има и ранети војници од кои некои потешко.

Тој истакна дека ранетите турски војници се пренесени на лекување во болниците во Хатај.

Валијата на Хатај Рахми Доган потоа соопшти дека животот го загубија уште 7 тешко ранети војници со што бројот на турските војници кои станаа шехиди (загинаа) се зголеми на 29, а продолжува лекувањето на 36 ранети војници.



Слични вести