Во воздушен напад во подрачјето на Идлиб загинаа двајца турски војници, а двајца се ранети

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализиран воздушен напад врз турските војници кои се распоредени во подрачјето на Идлиб за воспоставување на прекинот на огнот станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а двајца војници се ранети

Во воздушен напад во подрачјето на Идлиб загинаа двајца турски војници, а двајца се ранети

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а двајца војници се ранети.

Во објавеното соопштение на официјалниот профил на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека е реализиран воздушен напад врз турските војници кои се распоредени во подрачјето на Идлиб за воспоставување на прекинот на огнот.

Во соопштението се вели дека во нападот станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а двајца војници се ранети.

„Според добиени информации од различни извори во подрачјето, се дознава дека (во дадениот одговор по нападот) се уништени еден систем за противвоздушна ракетна одбрана (на режимот), едно противавионско оружје ZU-23, едно противтенковско оружје, 3 тенка, 1 возило со муниција и 2 градежни машини, а се запленети и 3 тенка и се неутрализирани 114 војници на режимот.“ - се подвлекува во соопштението на Министерството за национална одбрана.



Слични вести