Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија се неутрализирани 7 терористи

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана се истакнува дека турските командоси неутрализираа 7 терористи кои се обиделе да се префрлат во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија

Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија се неутрализирани 7 терористи

Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани 7 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ кои се обиделе да се префрлат во ова подрачје.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана се истакнува дека турските командоси неутрализираа 7 терористи кои се обиделе да се префрлат во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија.

Во соопштението се вели дека едниот од  неутрализираните терористи се наоѓал меѓу т.н. водечки кадар на сепаратистичко-терористичката организација на планината Кандил.

Од друга страна, Министерството за внатрешни работи соопшти дека 5 терористи им се предале на турските безбедносни сили по пат на убедување и дека меѓу нив се наоѓал и синот на едното од семејствата кои дежураат во градот Дијарбакир и бараат да им се вратат децата кои биле измамени и однесени на планина од страна на сепаратистичко-терористичката организација.

На тој начин, бројот на терористите кои се предадоа само по пат на убедување од почетокот на годината досега се зголеми на 48 лица.



Слични вести