Претседателот Ердоган: Случувањата во Идлиб во моментов се променија во наша полза

Претседателот Ердоган истакна дека состојбата којашто претходно се одвиваше во полза на Халифа Хафтар во Либија, сега е свртена наопаку и рече: „На ист начин, случувањата и во Идлиб во моментов се променија во наша полза“

1367679
Претседателот Ердоган: Случувањата во Идлиб во моментов се променија во наша полза

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во Анкара говореше на отворањето на Политичката академија на неговата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата).

Ердоган истакна дека состојбата којашто претходно се одвиваше во полза на Халифа Хафтар, лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија, сега е свртена наопаку.

Тој истакна дека исто така и случувањата во подрачјето на Идлиб во Сирија во моментов се променија во полза на Турција и го рече следното: „На ист начин, случувањата и во Идлиб во моментов се променија во наша полза.“

Претседателот Ердоган истакна дека во Идлиб имаме тројца шехиди (загинати) војници, но напомена дека загубите на Асадовиот режим се многу големи.

Појаснувајќи дека продолжуваат разговорите со Русија во врска со кризата во регионот, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Ние се наоѓаме во Сирија со договорот од Адана. Да ја нема поддршката на Русија, не е можно Асад да се одржи на нозе. Секој оној кој не вознемирува, кој и да, ќе му се нафрлиме. Ние не сакаме терор во овој регион. Сакаме овие територии да бидат територии на спокојство. Не е можно да го сметаме за пријател Асад кој уби стотици илјади свои граѓани.“



Слични вести