Омер Челик: Откако ќе истече рокот за да се повлече режимот, турската војска ќе ја исполни задачата што и се паѓа

Портпаролот на АК Партијата Омер Челик рече: „Сите подготовки се завршени. Откако ќе истече рокот за да се повлече режимот на својата линија, Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ќе ја исполнат задачата што им се паѓа.“

Омер Челик: Откако ќе истече рокот за да се повлече режимот, турската војска ќе ја исполни задачата што и се паѓа

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик ги информира претставниците на печатот во врска со доручекот што го одржа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со пратениците на својата партија во генералното седиште на АК Партијата, при што направи проценка на актуелниот дневен ред.

Челик, во врска со реализацијата на евентуална операција во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија го рече следното: „Сите подготовки се завршени. Откако ќе истече рокот за да се повлече режимот на својата линија, Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ќе ја исполнат задачата што им се паѓа.“

Потсетувајќи дека поради масакрите на режимот во Идлиб приближно 1 милион лица тргнаа кон границата на Турција, Омер Челик напомена дека одлучноста на Турција во Идлиб е сигурна, без двоумење и без отстапка.

„Не претставува прифатлива состојба од аспект на Турција, режимот таму да создаде ситуација на свршен чин, а потоа да рече 'не се повлекувам оттука, тоа е неопходно за мојата безбедност'. Тоа не треба да го прифати и Русија, бидејќи е во спротивност со меморандумот од Сочи (постигнат со Русија во 2018 година).“ - порача портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик.



Слични вести