Акар: Во разговорите со руската делегација за подрачјето на Идлиб е дојдено до одредена точка

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека на разговорите во Анкара со руската делегација во врска со подрачјето на Идлиб е дојдено до одредена точка

Акар: Во разговорите со руската делегација за подрачјето на Идлиб е дојдено до одредена точка

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) одговараше на прашањата на новинарите при што во направената проценка за разговорите во Анкара со руската делегација во врска со подрачјето на Идлиб истакна дека е дојдено до одредена точка.

Акар рече: „Настаните дојдоа до одредена точка. Денеска, утре, ќе бидат познати резултатите од тоа. Согласно тоа ќе го презентираме нашиот став.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, воедно информира дека вечерва ќе оствари телефонски разговор со американскиот секретар за одбрана Марк Еспер и го рече следното: „Инструкциите на нашиот претседател (по прашањето на Идлиб) се отворени и јасни. Ние како вооружени сили вложуваме напори што поскоро да дојде мирот во Идлиб.“



Слични вести