Во Турција доаѓа и третиот брод за дупчење купен од Велика Британија

По двата брода за дупчење (сондажа) „Фатих“ и „Јавуз“ кои беа купени од Норвешка, во Турција доаѓа и третиот брод за дупчење купен од Велика Британија

1366847
Во Турција доаѓа и третиот брод за дупчење купен од Велика Британија

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез информира дека од Велика Британија тргна на пат за Турција третиот брод за дупчење (сондажа).

Министерот Донмез во пораката што ја објави на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Тргна на пат (кон нашата земја) нашиот трет брод за дупчење чие доаѓање беше најавено од страна на нашиот почитуван претседател. Нашиот брод чие едро е исполнето со поддршката на нашиот народ плови кон нашата земја. Нека е ајирлија и со среќа.“

Турција првите свои два брода за дупчење (сондажа) „Фатих“ и „Јавуз“ ги купи од Норвешка, а третиот брод за дупчење го купи и во моментов отплови за нашата земја од Велика Британија.



Слични вести