Турција во рамките на мерките против коронавирусот подготви и Акционен план

Откако новиот тип коронавирус по Кина почна да се забележува и во други земји во светот, Турција благодарение на својата силна здравствена служба беше една од земјите кои најпрви стапија во акција за преземање на неопходните мерки против коронавирусот

1366449
Турција во рамките на мерките против коронавирусот подготви и Акционен план

Турција која продолжува со преземање на неопходните мерки против новиот тип коронавирус (Ковид-19) којшто се појави во градот Вухан во кинеската провинција Хубеј а потоа со голема брзина се прошири низ светот.

Во тие рамки Турција го подготви и својот Акционен план којшто ќе се преземе доколку се утврди случај на зараза од оваа опасна болест во земјата.

Откако новиот тип коронавирус по Кина почна да се забележува и во други земји во светот, Турција благодарение на својата силна здравствена служба беше една од земјите кои најпрви стапија во акција за преземање на неопходните мерки против коронавирусот.

Од страна на Министерството за здравство веднаш беше подготвен „Прирачник за болеста 2019-nCOV“ кој што беше објавен на 14 јанаури.

По појавата на вирусот, екипите на Генералната дирекција за здравство за граници и крајбрежја на 21 јанаури ги предупреди авиокомпаниите кои организираат летови од Истанбулскиот аеродром за Кина.

На 22 јанаури беше одржан состанокот на Научниот совет во кој членуваат искусни академици. Истиот ден беа сопрени летовите од Вухан за Истанбул коишто се реализираат од страна на една кинеска авиокомпанија.

На 1 февруари, воен карго авион од Турција беше испратен за кинескиот град Вухан за да ги евакуира турските граѓани и оттука беа донесени во земјата 42-јца турски граѓани. 

Заклучно со 5 февруари беа сопрени сите летови од Кина за Турција.

Откако новиот тип коронавирус (Ковид-19) беше утврден во соседен Иран почнувајќи од 23 фавруари беа затворени копнените гранични премини со оваа земја. Потоа беа воведени ограничувања и за воздушниот сообраќај.

Вчера пак, беа евакуирани турските граѓани од Иран.

Освен сиве овие преземени мерки и активности, е заокружен и неопходниот Акционен план доколку се утврди случај на зараза од оваа опасна болест и во Турција.

Во тие рамки беа информирани сите здравствени служби кои се ставени во состојба на целосна готовност. Во болниците се преземени сите неопходни мерки, а се утврдени и болниците во кои ќе бидат сместени евентуалните заразени од вирусот и во кои се подготвени и изолациони соби.

Се доведени во доволна состојба антивирусните залихи на лекови.

Подготвена е неопходната медицинска опрема од маски, ракавици и заштитна облека за здравствениот персонал за заштита од болеста.

Развиен е домашен уред за дијагноза за Ковид-19 со којшто се овозможува да се добие резултат односно да се постави дијагноза за кусо време од 90 до 120 минути.

Во меѓувреме, министерот за здравство Фахреттин Коџа кој беше гостин на уредничкиот деск на новинската Агенција Анадолија „АА“ во Анкара истакна дека истакна дека досега во Турција не се забележани случаи на нов тип коронавирус (Ковид-19).

„Сите наши подготвоки се готови. Ние сме подготвени во секоја точка, се што е потребно да се направи.“ - рече Коџа и напомена дека во рамките на преземените мерки кон Иран се формирани теренски болници на 4 гранични премини со оваа земја.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа го подвлече и следното: „Коронавирусот е виден во 33 земји, во Турција нема, водиме напори за да не го има. Нашите граѓани да не бидат во паника.“

Инаку, Светската здравстена организација (СЗО) во врска со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) на 30 јануари прогласи „итна состојба за меѓународното јавно здравје“.

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој се појави на 12 декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската провинција Хубеј, а потоа за кусо време се прошири и во другите градови низ цела Кина и во светот, досега стана причина за смртта на над 2.700 лица.

Коронавирусот се прошири во повеќе од 30 земји во светот и бројот на лицата ставени во карантин досега изнесува над 80 илјади.



Слични вести