Турција уште еднаш остро го осуди масакрот во Хоџали во Азербејџан извршен пред 28 години

Турција уште еднаш остро го осуди извршениот масакр во Хоџали во Азербејџан на 26 февруари 1992 година, пред 28 години, кога од страна на Ерменците беа брутално масакрирани вкупно 613 невини азербејџански граѓани, од кои 106 беа жени, 53 деца и 70 стари

1367037
Турција уште еднаш остро го осуди масакрот во Хоџали во Азербејџан извршен пред 28 години

Турција, уште еднаш остро ги осуди извршениот масакр во Хоџали во Азербејџан од страна на Ерменците на 26 февруари 1992 година, пред 28 години и долгогодишната окупација на азербејџанските територии од страна на Ерменија.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се потсетува дека во реализираниот напад од страна на единиците на Република Ерменија врз градот Хоџали во областа Нагорно Карабах на Азербејџан, беа брутално масакрирани вкупно 613 невини азербејџански граѓани, од кои 106 беа жени, 53 деца и 70 стари.

Во соопштението се вели дека за време на овој масакр од страна на ерменските сили беа заробени повеќе од 1.000 лица и се подвлекува дека сѐ уште нема информации за судбината на лицата кои се водат како исчезнати во врска со кои не можат да се добијат никакви информации.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција се додава следното: „Вклучувајќи го овој нечовечен напад извршен против цивилното население, поради окупацијата на азербејџанските територии повеќе од 1 милион Азербејџанци беа приморани да ги напуштат своите домови и тие живат како бегалци во сопствената земја. Сѐ уште 20 отсто од териториите на Азербејџан се под окупација. Остро ги осудуваме овој масакр и окупацијата на азербеџјанските територии којашто долги години како продолжува.

Од сѐ срце ја споделуваме болката од масакрот на којшто беа подложени нашите азербејџански браќа во Хоџали пред 28 години. На жртвите во оваа трагедија им посакуваме милост од Аллах, уште еднаш на најискрен начин го доставуваме нашето сочувство до целиот азербејџански народ.“



Слични вести