Турција им препорача на своите граѓани да не патуваат во Италија и Ирак

Министерството за надворешни работи на Турција објави две одделни соопштенија во кои им се препорачува на турските граѓани доколку немаат поголема потреба да не патуваат во областите во Италија и Ирак кадешто се евидентирани случаи на нов тип коронавирус

1366926
Турција им препорача на своите граѓани да не патуваат во Италија и Ирак

Турција им препорача на своите граѓани доколку немаат поголема потреба да не патуваат во областите во Италија и Ирак кадешто се евидентирани случаи на нов тип коронавирус (Ковид-19).

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека во последните денови во Италија се доживува пораст во случаите на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) и во смртните случаи предизвикани од овој смртоносен вирус.

Во соопштението се вели следното: „Им препорачуваме на турските граѓани доколку немаат поголема потреба да не патуваат во областите во Италија во кои се евидентирани случаи на коронавирусот.“

Од друга страна, Министерството за надворешни работи и во своето објавено предупредување за патување во Ирак информира дека и во оваа земја се забележува пораст во бројот на случаите на Ковид-19.

Во соопштението се вели следното: „Им препорачуваме на нашите граѓани доколку немаат поголема потреба да не патуваат во областите во Ирак во кои се евидентирани случаи на коронавирусот и доколку патуваат во оваа земја да стојат далеку од областите во кои се евидентирани поголем број случаи на зараза.“ 

Турските граѓани пак, кои престојуваат во овие две земји (Италија и Ирак) или кои мораат да патуваат во овие земји, се потсетуваат дека при итни состојби можат да се обратат до амбасадите и конзуларните претставништва на Турција, а воедно се препорачува одблизу да ги следат соопштенијата и предупредувањата на локалните власти и на Светската здравствена организација (СЗО).



Слични вести