Споделени илјадници пораки со честитки преку социјалните медиуми по повод роденденот на претседателот Ердоган

Претседателот Ердоган е роден на 26 февруари 1954 година и денеска наполнува 66 години, поради што преку социјалните медиуми се споделени илјадници пораки со честитки

1366562
Споделени илјадници пораки со честитки преку социјалните медиуми по повод роденденот на претседателот Ердоган

По повод роденденот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку социјалните медиуми се споделени илјадници пораки со честитки.

Претседателот Ердоган е роден на 26 февруари 1954 година и денеска наполнува 66 години.

По повод роденденот на претседателот Ердоган на социјалната мрежа Твитер се споделени илјадници пораки со честитки со Хаштагот „İyikiDoğdunRTE“ (Среќен роденден РТЕ).

Членови на претседателскиот кабинет, пратеници, политичари, голем број познати личности од светот на уметноста и спортот, како и голем број граѓани споделија пораки со кои му го честитаа роденденот на претседателот Ердоган.

За кусо време споделените пораки се најдоа на првите места на дневниот ред на Турција на социјалната мрежа Твитер.

Заедно со пораките со честитки беа споделени и фотографиите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и на неговата мајка Тензиле Ердоган.



Слични вести