Претседателот Ердоган: Голема е веројатноста на 5 март во Истанбул да се состанеме со Путин

Претседателот Ердоган, во авионот на враќање од посетата на Азербејџан истакна дека е голема веројатноста на 5 март во Истанбул да се состане со рускиот претседател Владимир Путин

1366984
Претседателот Ердоган: Голема е веројатноста на 5 март во Истанбул да се состанеме со Путин

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во авионот на враќање од посетата на Азербејџан одговараше на прашањата на новинарите.

Ердоган истакна дека голема е веројатноста на 5 март во Истанбул да се состане со рускиот претседател Владимир Путин.

На поставеното новинарско прашање „Дали ќе има четворен самит (со рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел) посветен на подрачјето на Идлиб (во Сирија)?“, претседателот Ердоган одговори со зборовите: „Би било поправилно доколку кажам дека во моментов не е сигурно по прашањето на овој четворен самит. Бидејќи, откако рускиот претседател Владимир Путин донесе предлог од видот на тоа дека 'ќе биде подобро доколку ние тоа го оствариме двајцата заедно', јас реков дека би можело да се оствари и тоа, и четворниот (самит). Во моментов, е од многу големо значење одлуката на нас двајцата во Идлиб. Во однос на датумот речиси се согласивме, односно на 5 март... За местото, најверојатно ќе биде Истанбул.“

Нагласувајќи дека продолжуваат разговорите во врска со прашањето со руската делегација која допатува во Анкара, Ердоган рече: „И согласно резултатот од средбата помеѓу овие делегации, ние ќе ја продолжиме телефонската дипломатија.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се осврна и на меморандумот од Сочи (постигнат помеѓу Турција и Русија во 2018 година) во врска со што истакна дека нема да се дозволи турските воени пунктови да бидат опколени од страна на силите на режимот на Бешар Асад.

„Треба да се исполни она што е неопходно во рамките на меморандумот од Сочи и не е можно да направиме отстапка по ова прашање“ - рече Тој.

Велејќи дека претходно добил ветување за поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп, Ердоган напомена дека засега не пристигна оваа поддршка и дека повторно ќе разговара за тоа со Трамп.

Претседателот Ердоган го додаде и следното: „Во моментов САД немаат противвоздушно одбранбен систем Патриот да ни дадат. Ние го доставивме нашиот предлог рековме 'Ако ни ги испратите, ние би можеле да купиме Патриот и од вас'.“



Слични вести