Помпео: Нападите на режимот го зголемуваат ризикот од судир со нашиот НАТО сојузник Турција

Американскиот државен секретар Мајк Помпео предупреди дека нападите на сирискиот режим во подрачјето на Идлиб го зголемуваат ризикот од судир со НАТО сојузникот Турција

1366378
Помпео: Нападите на режимот го зголемуваат ризикот од судир со нашиот НАТО сојузник Турција

Американскиот државен секретар Мајк Помпео на одржаната прес конференција во главниот град Вашингтон направи проценка на актуелниот дневен ред. 

Помпео по прашањето на подрачјето во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија го рече следното: „Работиме заедно со Турција за да би виделе што би можеле да направиме.“

Осврнувајќи се на случувањата во Идлиб, Помпео истакна дека Асадовиот режим овде не може да извојува воена победа. 

„Нападите на режимот го зголемуваат ризикот од судир со нашиот НАТО сојузник Турција. Одговорот е да се постигне траен прекин на огнот согласно резолуцијата број 2254 на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) и да се преговара под водство на Обединетите нации (ОН). Како што истакна во вторникот и господинот претседател (Доналд) Трамп работиме заедно со Турција за да би виделе што би можеле да направиме.“ - рече американскиот државен секретар Мајк Помпео. 



Слични вести