Ердоган: Нашата единствена желба е Сиријците да живеат во спокојство на своите сопствени територии

Претседателот Ердоган, во врска со случувањата во подрачјето на Идлиб во Сирија истакна дека единствената желба на Турција е Сиријците да живеат во спокојство на своите сопствени територии.

1366780
Ердоган: Нашата единствена желба е Сиријците да живеат во спокојство на своите сопствени територии

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше пред пратеничката група на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) кадешто се осврна на низа актуелни прашања.

Ердоган, во врска со случувањата во подрачјето на Идлиб во Сирија истакна дека единствената желба на Турција е Сиријците да живеат во спокојство на своите сопствени територии.

Нагласувајќи дека на теренот се пробаат сите патишта вклучувајќи ја и активната интервенција за спречување на големата човечка криза којашто се доживува овде, Ердоган рече: „Во моментов нашата најголема тешкотија е тоа што не можеме да го користиме воздушниот простор. Иншаллах, наскоро ќе изнајдеме одредено решение и за тоа. Нашето барање е режимот да стави крај на своите напади и да се повлече надвор од нашите набљудувачки пунктови. Русија не сака да ја прифати човечката чувствителност. Рокот што им го дадовме на оние кои ги зедоа под опсада нашите набљудувачки кули истекува (на крајот на февруари).“

Претседателот Ердоган истакна дека нема да се направи ниту најмала отстапка во Идлиб и рееч: „Режимот сигурно ќе го извадиме надвор од границите коишто ги определивме, ќе обезбедиме народот да се врати назад во своите домови.“

Ердоган исто така напомена дека Турција нема око (претензии) кон териториите или нафтата на Сирија и го подвлече следното: „Нашата единствена желба е Сиријците да живеат во спокојство на своите сопствени територии.“



Слични вести