Во подрачјето на Синџар во Ирак неутрализиран едниот од најбараните терористи на ПКК

Во заедничка операција на војската и разузнавачката служба во подрачјето на Синџар во Ирак е неутрализиран терористот по име Јахја Думан, едниот од најбараните терористи по кого е распишана и меѓународна црвена потерница од страна на Интерпол

1365901
Во подрачјето на Синџар во Ирак неутрализиран едниот од најбараните терористи на ПКК

Во реализирана заедничка операција од страна на Турските воопружени сили (ТВС или TSK) и Националната резузнавачка служба (МИТ) во подрачјето на Синџар во Ирак е неутрализиран терористот по име Јахја Думан, едниот од најбараните терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК одговорен за т.н. провинција Махмур-Киркук.

Неутрализираниот терорист Јахја Думан познат под кодното име „Сабри Тори“ по кого е распишана меѓународна црвена потерница од страна на Интерпол и се приклучил на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во 1993 година и во врска со овој еден од најбараните терористи е установено дека реализирал терористички акции во руралните подрачја на градовите Сиирт и Ширнак и воедно раководел со реализираниот напад врз воената станица Дибекли во населеното место Даргечит кај градот Мардин во 2016 година.

Во враска со овој неутрализиран терорист се дознава дека давал т.н. идеолошка и воена обука во т.н. училишта за сшецијални сили на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Ирак, а од 2019 година наваму бил на задача како одговорен раководител за т.н. провинцијата Махмур-Киркук.



Слични вести