Ердоган: Имаме за цел нашиот трговски обем со Азербејџан да го зголемиме на 15 милијарди долари

Претседателот Ердоган истакна дека трговскиот обем помеѓу Турција и Азербејџан изнесува приближно 4,5 милијарди долари и рече дека сега се има за цел да се зголеми на 15 милијарди долари

1366260
Ердоган: Имаме за цел нашиот трговски обем со Азербејџан да го зголемиме на 15 милијарди долари
erdoğan aliyev 1.jpg
aliyev.jpg
erdoğan azerbaycan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во официјална посета на Азербејџан.

Со учество на претседателот Ердоган и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Баку започна 8. состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Азербејџан.

Во дадените изјави пред состанокот, претседателот Ердоган потсети дека трговскиот обем помеѓу Турција и Азербејџан изнесува приближно 4,5 милијарди долари и рече: „Сега, целата цел е трговскиот обем како што утврдивме и порано да го зголемиме на 15 милијарди долари. По ова прашање постигнавме согласност со мојот брат (Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев). За тоа нашите другари министри треба да направат се што е во нивна можност.“

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев пак, истакна дека односите помеѓу Турција и Азербејџан се стратешки односи коишто се формирани на основа на пријателство и братство, а воедно нагласувајќи го значењето на состанокот од аспект на иднината на турско-азербејџанските односи напомена дека договорите коишто ќе бидат потпишани во оваа прилика во голема мера ќе ги зацврстат односите помеѓу двете земји.

По 8. состанок на на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Азербејџан, како и потпишувањето на низа договори за соработка помеѓу двете земји двајцата претседатели Реџеп Тајјип Ердоган и Илхам Алиев одржаа заедничка прес конференција.

Овде, претседателот Ердоган се осврна на проблемот со Нагорно Карабах во врска со што рече: „Нагорно Карабах исто колку на Азербејџан е и наше прашање. Наша најголема желба е да се реши на основа на суверенитетот и територијалниот интегритет на Азербејџан.“

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, исто така истакна дека неговата земја е покрај Турција и рече: „Нашето заедништво е вечно.“



Слични вести