Тврдењата дека „се забележани случаи на коронавирусот во Турција“ се невистинити

Одделот за комуникации во претседателскиот кабинет соопшти дека Турција во врска со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ги презема сите неопходни мерки со сите свои надлежни институции и организации на чело со Министерството за здрвство

1364920
Тврдењата дека „се забележани случаи на коронавирусот во Турција“ се невистинити

Од одделот за комуникации во претседателот кабинет е соопштено дека тврдењата околу тоа оти „се забележани случаи на нов тип коронавирус во Турција“ не ја одразуваат вистината.

Во објавеното писмено соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, се истакнува дека Република Турција во врска со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која што се појави во Народна Република Кина ги презема сите неопходни мерки со сите свои надлежни институции и организации, на чело со Министерството за здравство. 

Во соопштението се нагласува дека за да не се пренесе епидемијата од вурисот во границите на земјата се преземаат и водат со голема претпазливост и внимание сите потребни работи и мерки, а воедно се вели следното: „Според најновите добиени податоци, во нашата земја не е потврден ниту еден случај на нов тип коронавирус. Тврдењата коишто се изнесуваат по ова прашање преку одредени канали на социјалните медиуми во однос на тоа дека во Турција се забележани случаи на нов тип коронавирус, не ја одразуваат вистината. Ги молиме нашите медиумски институции, нашите претставници на медиуми и сите наши граѓани да ги земаат во предвид официјалните изјави на чело со оние од Министерството за здравство и надвор од тоа да не им веруваат и да не ги земаат во предвид гласините или тврдењата коишто се изнесуваат по ова прашање.“



Слични вести