Претседателот Ердоган утре ќе отпатува во официјална посета на Азербејџан

Претседателот Ердоган утре ќе отпатува во официјална посета на Баку кадешто ќе учествува на 8. состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Азербејџан

1365372
Претседателот Ердоган утре ќе отпатува во официјална посета на Азербејџан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган утре ќе отпатува во официјална посета на Баку, а по повод 8. состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Азербејџан.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации во претседателскиот кабинет, 8. состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво помеѓу Турција и Азербејџан ќе се одржи во главниот град на Азербејџан Баку, под претседателство на претседателот Ердоган и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, а со учество и на надлежните министри на двете земји.

На разговорите во рамките на состанокот на Советот, ќе бидат преразгледани турско-азербејџанските односи со сите нивни димензии и ќе се дискутира за можностите за уште повеќе продлабочување на соработката помеѓу двете земји.

Освен тоа, се предвидува освен билатералните односи, да бидат разменети мислења и во однос на регионални и меѓународни прашања.

По повод состанокот, на дневен ред се наоѓа и потпишувањето на низа документи и меморандуми за разбирање коишто ќе обезбедат значајни придонеси на основа на склучување на договори посветени на билатералните односи.



Слични вести