Поради Ковид-19 е донесена забрана за влегување од Иран во Турција по копнен и воздушен пат

Поради епидемијата на Ковид-19 е донесена забрана за влегување од Иран во Турција по копнен и воздушен пат, а за иранските граѓани кои сакаат да патуваат од Турција за Иран нема било каква забрана или ограничување

1364780
Поради Ковид-19 е донесена забрана за влегување од Иран во Турција по копнен и воздушен пат
iran ucuslar korona kovid.jpg

По смртните случаи поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Иран, е донесена забрана за влегување од копнените гранични премини на Турција со оваа земја, за Иранците и за другите странски државјани.

Исто така и странските државјани кои доаѓаат директно преку Иран по воздушен пат, синоќа од 20:00 часот по турско време не се примаат во Турција и преку воздушните гранични премини.

Во врска со иранските државјани кои сакаат да патуваат од Турција за Иран пак, нема било каква забрана или ограничување.



Слични вести