Благодарност од Чавушоглу до своите колеги кои објавија сочувство за жртвите во земјотресот кај Ван

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушголу им се заблагодари на неколкумина свои колеги кои објавијапораки со сочувство за загинатите во земјотресот во Башкале кај градот Ван, чиј епицентар се наоѓаше во Иран, во близина на границата

1364961
Благодарност од Чавушоглу до своите колеги кои објавија сочувство за жртвите во земјотресот кај Ван

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушголу им се заблагодари на министрите за надворшени работи на Грција, Летонија и Литванија и на вршителот на должноста министер за надворешни работи на Албанија, за објавените пораки со сочувство за загинатите во земјотресот во населеното место Башкале кај градот Ван, чиј епицентар се наоѓаше во Иран, во близина на границата.

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, министерот за надворешни работи на Летонија Едгардс Ринкевич,  министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкевичиус и вршителот на должноста министер за надворешни работи на Албанија Гент Цакај, на своите профили преку социјалната мрежа Твитер објавија пораки во кои го изразија своето сочувство до семејствата и блиските на загинатите во населеното место Башкале кај градот Ван чиј епицентар се наоѓаше во населеното место Хој во Иран, во близина на границата, а на ранетите им посакаа побрзо оздравување.  

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу на овие пораки во кои беше внесено и неговото име, одговори исто така преку својот профил на Твитер и им се заблагодари на своите колеги.

Инаку, министерот за здравство Фахреттин Коџа вчера соопшти дека во земјотресот во населеното место Башкале кај градот Ван чиј епицентар се наоѓаше во населеното место Хој во Иран, во близина на границата, животот го загубија 9 лица, а некаде околу 50 мина беа повредени.



Слични вести