Во тенковски оган на режимските сили во подрачјето на Идлиб загина еден турски војник

Министерството за национална одбрана соопшти дека во отворен тенковски оган од страна на режимските сили врз турските војници во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија, стана шехид (загина) еден турски војник

1364551
Во тенковски оган на режимските сили во подрачјето на Идлиб загина еден турски војник

Во отворен тенковски оган од страна на режимските сили во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија стана шехид еден турски војник. 

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во отворен тенковски оган од страна на режимските сили врз елементите на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) кои се наоѓаат во подрачјето на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија за воспоставување на прекинот на огнот стана шехид (загина) еден турски војник.

Во дадениот одговор на нападот беше отворен артилериски оган и беа уништени 21 утврдена цел на режимот во подрачјето.

Во соопштението на Министерството се вели следното: „Никогаш не беше оставена на земјата крвта на нашите шехиди (загинати), а нема да биде оставена и во иднина.“

 



Слични вести