Претседателот Ердоган: Четворниот самит за Идлиб ќе се одржи на 5 март во Истанбул

Претседателот Ердоган истакна дека четворниот самит за Идлиб (со рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел) ќе се одржи на 5 март во Истанбул

1364702
Претседателот Ердоган: Четворниот самит за Идлиб ќе се одржи на 5 март во Истанбул

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, вчера му се обрати на народот во населеното место Бергама кај градот Измир кадешто истакна дека четворниот самит за Идлиб (со рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел) ќе се одржи на 5 март во Истанбул. 

Ердоган рече дека со операциите коишто се реализираат внатре во границите на земјата и надвор преку границата се нанесени најтешките удари во историјата врз сепаратистичко-терористичката организација ПКК и дека терористите не само што беа закопани во јамите коишто ги ископаа, туку истовремено е поразена терористичката организација и со реализираните операции Извор на мирот, Маслиново гранче и Шепа (Pençe) во Сирија и во Ирак.

Укажувајќи на тоа дека во границите на Сирија е исчистена од терористите на ДЕАШ и ПКК/ЈПГ површина од 8.300 квадратни километри, претседателот Ердоган го рече следното: „Во областите кадешто некогаш слободно делуваа убијците на ПКК сега постои спокојство, мир и стабилност. Иншаллах (со Аллахова помош) истата средина на спокојство ќе ја воспоставиме и во Идлиб кадешто живеат 4 милиони луѓе.“

„Идлибското прашање од наш аспект е значајно најмалку колку Африн и подрачјето на операцијата Извор на мирот“ - рече Ердоган и појасни дека отворено го истакнал значењето на Идлиб за Турција и во остварените телефонски разговори во петокот со рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Емануел Макрон.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде и следното: „На 5 март ќе се состанеме повторно, ќе разговаравме за овие прашања. Иншаллах (со Аллахова помош) ќе го добиеме најповолниот резултат за интересите на нашата земја и на нашите сириски браќа и во ова прашање.“



Слични вести