Министерот Сулејман Сојлу: Во земјотресот со епицентар во Иран, животот го загубија 8 лица и во Ван

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека во земјотресот со епицентар во западниот дел на Иран во близина на границата со Турција, кој беше почувствуван и во подрачјето на градот Ван, во Башкале животот го загубија 8 лица

1364616
Министерот Сулејман Сојлу: Во земјотресот со епицентар во Иран, животот го загубија 8 лица и во Ван
van-iran deprem3.jpg
van-iran deprem.jpg
van-iran deprem1.jpg

Во населеното место Башкале кај градот Ван кој беше погоден од земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер кој се случи утрово во населеното место Кој во провинцијата Западен Азербејџан во западниот дел на Иран во близина на границата со Турција, според првични добиени информации, животот го загубија 8 лица од кои 4 деца, а 21 лице е повредено од кои здравствената состојба на 8 мина е критична.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во дадената изјава за еден приватен телевизиски канал истакна дека во земјотресот чиј епицентар се наоѓаше во западниот дел на Иран во близина на границата со Турција и беше почувствуван и во населеното место Башкале кај градот Ван животот го загубија 8 лица. 

Сојлу рече дека продолжуваат активностите за пребарување и спасување на лицата кои се наоѓаат затрупани под срушените куќи.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека во земјотресот се повредени 21 лице од кои здравствената состојба на 8 мина е критична.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така го побара по телефон министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу од чија страна беше информиран во врска со земјотресот што се случи во западниот дел на Иран во близина на границата со Турција, а беше почувствуван и во подрачјето на градот Ван, а поготово во населеното место Башкале. 

Портпаролот на Институцијата за итна помош на Иран Муџтеба Халиди, во дадената изјава за државната медија истакна дека во земјотресот се повредени 25 лица. 

Валијата на Западен Азербејџан Мухаммед Мехди Шехријари исто така истакна дека здравствената состојба на еден од повредените е тешка и дека екипите за пребарување и спасување пристигнале во областа погодена од земјотресот.

Според иранската државна медија, во земјотресот се оштетени куќите во 43 села.

Според  објавеното соопштение од Сеизмолошкиот центар на Техеранскиот универзитет, земјотресот  со јачина од 5,7 степени по Рихтер чиј епицентар се наоѓал во населеното место Кој во провинцијата Западен Азербејџан, во западниот дел Иран, во близина на границата со Турција, се случи во 09:22 часот по локално време.

Како што се истакнува земјотресот се случил на длабочина од 6 километри под површината на земјата, а бил почуствуван и во подрачјето на градот Ван во Турција, во близина на границата со Иран.

Во селата во населеното место Башкале во близина на градот Ван, биле срушени некои куќи изградени од ќерпич.



Слични вести