Реакција од Турција против одлуката на Израел за изградба на 5.200 нови станови во Источен Ерусалим

МНР на Турција објави соопштение во кое истакна дека остро се осудува одлуката на Израел за проширување на незаконските населби со изградба на нови станови во Источен Ерусалим (Кудс)

1364286
Реакција од Турција против одлуката на Израел за изградба на 5.200 нови станови во Источен Ерусалим

Турција покажа реакција против одлуката на Израел за проширување на незаконските населби во Источен Ерусалим (Кудс).

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворшени работи се истакнува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на неколку дена пред изборите во неговата земја повторно соопшти дека во незаконските населби на окупираните палестински територии ќе бидат изградени голем број дополнителни станови. 

Во соопштението се вели следното: "Уште еднаш остро го осудуваме ова окупаторско сфаќање со кое се негираат меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН)."

Во соопштението се нагласува дека се гледа оти израелската управа ја продолжува оваа своја навика за насилно одземање на правата на палестинскиот народ и газење на меѓународното право пред секои избори, а воедно се подвлекува следното: "Отворено стои дека Израел додека ги фрла овие незаконски чекори е охрабрен и од наводниот мировен план којшто пред извесно време беше објавен од страна на Соединетите Американски Држави. Палестинските територии му припаѓаат на палестинскиот народ. Окупаторскиот менталитет не ќе може никогаш да ја промени оваа висина."

Инаку, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во четвртокот соопшти дека во две незаконски еврејски населби во Источен Ерусалим (Кудс) ќе бидат изградени 5.200 нови станови. 



Слични вести