Претседателот Ердоган: Во Либија се наоѓаме на покана на легитимната Влада

На едно поставено прашање во врска со прашањето со Либија, претседателот Ердоган истакна дека турските надлежни се наоѓаат во Либија на покана на Владата на национално единство на оваа земја која располага со меѓународна легитимност

1364103
Претседателот Ердоган: Во Либија се наоѓаме на покана на легитимната Влада

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, одговараше на прашањата на новинарите во Истанбул

На едно поставено прашање во врска со прашањето со Либија, претседателот Ердоган истакна дека турските надлежни се наоѓаат во Либија на покана на Владата на национално единство на оваа земја која располага со меѓународна легитимност. 

Ердоган, во продолжение го рече следното: „Хафтар (генералот пучист лидер на силите во источниот дел на Либија) не е легитимен. Хафтар не претставува соговорник, за нас. Хафтар, таму е легионер со плата, не е легитимен, тој е нелегален, илегален. Лидерот таму кој е легитимен е (премиерот Фајез) Сараџ. Ние секогаш разговаравме со Сараџ. Западот, на местото кадешто го покани Сараџ го покани и Хафтар. Ако ние се наоѓаме во Сирија на покана на сирискиот народ, во Либија исто така се наоѓаме затоа што имаме братство коешто се потпира на 500 годиншно минато и на нивна покана го склучивме нашиот безбедносен договор за воена обука и потоа отидовме таму.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, се осврна и на прашањето со купување на противвоздушно одбранбените системи Патриот од Соединетите Американски Држави (САД) кои што се поставени повторно на дневен ред во последните денови, во врска со што рече: „Додека беа на дневен ред С-400 (коишто се купени до Русија), тогаш му рековме на господинот (претседателот на САД) Трамп 'дајте ни Патриот, да ги купиме и нив'. Би можеле да користиме и С-400 и Патриот, меѓутоа не ни дадоа, не можеа да ни дадат позитивен одговор.“



Слични вести