Претседателот Ердоган оствари трилатерален телефонски разговор со Макрон и Меркел
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари трилатерален телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел посветен на различни прашања, а пред се случувањата во Идлиб и Либија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари трилатерален телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.
Во заедничкиот трилатерален телефонски разговор, претседателот Ердоган, го изразил своето сочувство за загинатите во расистичкиот напад во германскиот град Ханау, а на ранетите им посакал побрзо оздравување.
Ердоган воедно рекол дека ги проколнува овие напади извршени со мотиви на непријателство кон странците, дискриминација и антиисламизам.
Претседателот Ердоган ја истакнал потребата за стопирање на агресивноста на сирискиот режим и на неговите поддржувачи во Идлиб, а ја нагласил и потребата за обезбедување на силна поддршка со преземање на конкретни активности за спречување на човечката криза во подрачјето.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во заедничкиот телефонски разговор со Макрон и Меркел исто така рекол дека треба да се работи заедно со доследни (конзистентни) политики за стекнување на либискиот народ со мир, просперитет и стабилност.