Порака со сочувство од министерот Хулуси Акар за двајцата загинати војници во Идлиб

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар објави порака со сочувство за двајцата војници кои станаа шехиди (загинаа) во вчерашниот воздушен напад во подрачјето на Идлиб, во Сирија

1363900
Порака со сочувство од министерот Хулуси Акар за двајцата загинати војници во Идлиб

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар објави порака со сочувство за двајцата војници кои станаа шехиди (загинаа) во вчерашниот воздушен напад во подрачјето на Идлиб, во Сирија.

Во споделената објава на профилот на Министерството за национална одбрана преку социјалната мрежа Твитер, министерот Хулуси Акар го напиша следното: „Нашите соборци станаа шехиди во реализираниот воздушен напад во Идлиб на 20 февруари 2020 година. На нашите јуначки шехиди им посакувам милост од Аллах во мое лично име и во име на припадниците на министерството за национална одбрана, го изразувам моето сочувство до нивните семејства и до нашиот племенит народ и им посакувам трпение.“

Началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер исто така, со пораката што ја објави преку профилот на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) им посака милост од Аллах на загнатите (шехидите) војници.“



Слични вести