Ерен: „Нападите во Германија личат на оние на камиказите“

За борба против овој вид напади треба да се укине атмосферата која наоѓа оддек и од политички аспект во европските земји

1364146
Ерен: „Нападите во Германија личат на оние на камиказите“

Претседателот на Управата за Турците во странство и роднинските заедници (ЈТБ) Абдула Ерен рече:

„Индивидуите кои се хранат од атмосферата на омразата се радикализираат и исто како и нападите во Норвешка и Нов Зеланд, личат на расистички камикази напади“.

Во изјавата за печатот во врска со расистичките терористички напади во Германија, Абдула Ерен рече дека нападот во Германија претставува одраз и последен пример на зголемувањето на расизмот и ксенофобијата во Европа. нападите не произлегоа наеднаш и самоволно, бидејќи тие претставуваат одраз на хранење со омраза од минатото.

За борба против овој вид напади треба да се укине атмосферата која наоѓа оддек и од политички аспект во европските земји.

Во врска со расистичките напади, Ерен потсети на лошото минато и искуство со нападот и трагедијата што беше доживеана во германски Солинген како и судската постапка што се водеше против Национал-социјалистичката подземна организација (НСУ). Затоа треба остро да се реагира и да се осуди нападот во Ханау“ подвлече Ерен.

Во продолжение Абдула Ерен рече дека Управата на ЈТБ активно ги следи случувањата и прашањето, потенцирајќи дека турската заедница, потребната силна реакција треба да ја покаже заедно со сите други заедници кои беа изложени на расистичките напади и германската заедница.

Нашата управа ќе продолжи и ќе ги зајакне активностите за подигнување на свеста на нашите сограѓани во странство од аспект на човековите права и слободи, кои ги остваруваме со години. Имаме потреба од сериозно подигање на свеста и преземање колективни активности“ рече Ерен.



Слични вести