Ердоган рече дека по телефонскиот разговор со Путин ќе биде определен ставот во врска со Идлиб

На денешниот троен телефонски разговор што се одржа меѓу францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин им предложивме заедничка средба на 5 март во Истанбул

1364076
Ердоган рече дека по телефонскиот разговор со Путин ќе биде определен ставот во врска со Идлиб

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека по вечерашниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин ќе биде определен ставот на Турција во врска со Идлиб во Сирија.

Претседателот Ердоган одговараше на прашањата на новинарите во Истанбул и во врска со случувањата во Идлиб рече:

„Ќе одржиме телефонски разговор со Путин. Ќе размениме мислења во врска со сите моментални и актуелни случувања во Идлиб. Не станува збор за никакво повлекување на нашите единици се додека не прекинат зулумите на режимот. Единствено на тој начин можеме да го постигнеме примирјето.“

Во одмаздничкиот напад што беше извршен по вчерашниот напад на режимот во кој загинаа 2 турски војници, беа неутрализирани 150 приврзаници на режимот. Исто така беа уништени 12 тенкови,3 оклопни возила, 14 хаубици и 2 митраљези ДШК прикачени на комби камиони.

„На денешниот троен телефонски разговор што се одржа меѓу францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин им предложивме заедничка средба на 5 март во Истанбул. Во врска со нашиот предлог сеуште нема позитивен одговор од Путин. Се надевам дека со вечерниот разговор ќе фрлиме значаен чекор. Ставот на Турција ќе го определиме според исходот на вечерашниот разговор“ рече Ердоган.

„Се додека режимот не прекине со зулумите врз жителите на И(длиб, не станува збор за повлекување на турските сили. Единствено на тој начин можеме да го постигнеме примирјето. Во врска со безбедносната зона фрливме нов чекор. Предложивме да направиме нови бараки од брикет со големина од 30 метри квадратни. Продолжуваме со активностите на тоа поле“ рече Ердоган.



Слични вести