Во напад во подрачјето на Идлиб загинаа двајца турски војници, а 5 мина се ранети

Министерството за национална одбрана соопшти дека во воздушен напад во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а 5 мина се ранети

Во напад во подрачјето на Идлиб загинаа двајца турски војници, а 5 мина се ранети

Во реализиран воздушен напад врз турските војници во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија, загинаа двајца турски војници, а 5 мина се ранети.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се вели следното: "Во реализиран воздушен напад врз нашите војници кои се наоѓаат во подрачјето на Идлиб за воспоставување на прекинот на огнот, станаа шехиди (загинаа) двајца наши јуначки соборци, а 5 мина наши јуначки соборци се ранети. Се гаѓаа и продолжуваат да се гаѓаат утврдените цели."

Министерството исто така истакна дека според последни добиени информации од различни извори во подрачјето на Идлиб, се дознава дека се уништени повеќе од 50 војници на режимот, 5 тенка, 2 оклопни транспортери на персонал, 2 наоружани пикапи и 1 хаубица.



Слични вести