Синирлиоглу: Турција ќе ги гаѓа сите цели коишто претставуваат закана (во Идлиб)

Постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу истакна дека Турција ќе ги гаѓа сите цели коишто претставуваат закана во подрачјето на Идлиб во Сирија

1362954
Синирлиоглу: Турција ќе ги гаѓа сите цели коишто претставуваат закана (во Идлиб)

Постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу во говорот што го одржа во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), истакна дека режимот во Сирија ги продолжува безмилосните жестоки напади од копно и од воздух под изговор дека води „борба против тероризмот“ и дека со тоа трагичната човечка состојба достигна до алармантно ниво.

Синирлиоглу истакна дека Турција ќе ги гаѓа сите цели коишто претставуваат закана во подрачјето на Идлиб во Сирија.

Привлекувајќи внимание дека  во последните два месеци се раселени приближно 1 милион луѓе и е доживеано најголемото масовно раселување во 9 годишната војна во Сирија,  Феридун Синирлиоглу рече: „Извршителот на геноцид од Дамаск од декември 2019 година наваму уби повеќе од 2.000 лица и овие акти претставуваат воено злосторство и злосторство против човештвото.“

Синирлиоглу напомена дека камповите во Идлиб се недоволни и дека итно постои потреба од формирање на нови кампови, а воедно рече дека за обезбедување на овие потреби Турција работи со Обединетите нации (ОН) и со Германија и дека се обезбедува засолнување и заштита за повеќе од 9 милиони Сиријци.

Постојаниот претставник на Турција во Обединетите нации (ОН) Феридун Синирлиоглу, исто така подвлече дека режимот продолжува со намерните напади против турските сили во подрачјето на Идлиб и потсети дека Турција во рамките на своето легитимно право на самоодбрана веднаш одговори на нападите во кои загинаа уште 5 нејзини војници.

„Турција ќе ги гаѓа сите цели коишто претставуваат закана (во Идлиб). Нема да ги повлечеме нашите војници и нема да ги повлечеме набљудувачките пунктови. Страната којашто треба да се повлече од сегашната позиција до крајот на месецот, е режимот.“ - рече Синирлиоглу.



Слични вести