Реакции од Турција против нападите во Германија во кои меѓу загинатите се наоѓаат и 5 Турци

Продолжуваат да пристигнуваат реакции од Турција против синоќешните извршени вооружени напади врз две кафетерии во германскиот град Ханау во кои загинаа 9 лица меѓу кои се наоѓаат и 5 мина Турци, а голем број лица се ранети

1363286
Реакции од Турција против нападите во Германија во кои меѓу загинатите се наоѓаат и 5 Турци

Потпретседателот Фуат Октај, во врска со синоќешните извршени напади врз две кафетерии во германскиот град Ханау во близина на Франкфурт, во покраината Ессен, во кои загинаа 9 лица меѓу кои има и 5 мина Турци, а голем број лиза се ранети, во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: „Од нашите германски соговорници очекуваме да ја покажат потребната чувствителност за расветлување на случајот, случувањата ги следиме одблизу.“

Октај, на загинатите во нападите им посака милост од Аллах, а на ранетите побрзо оздравување.“

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп исто така рече „Со загриженост ги следиме расистичките структури и овие акти во Германија.“

Шентоп воедно го достави и следното предупредување: „Германија треба да ги преземе потребните мерки против расистичките терористички акции со нацистички корења. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше гостин во програмата во живо на Турската радио и телевизија ТРТ каде што на едно поставено прашање во врска со синоќешните извршени вооружени напади во германскиот град Ханау во близина на Фракфурт во покраината Ессен, укажа на расистичките мотиви на овие напади.

Мевлут Чавушоглу го достави следното предупредување: „Расизмот во Европа достигна до многу опасни димензии. Спроед првични информации се вели дека е напад со расистички мотиви. Доколку европските земји не можат да го сопрат тоа (расизмот) во сопствени рамки, тоа ќе оди кон мошне опасни места.“

Портпаролот во претседателскиот кабинет Ибрахим Калин пак, во објавата што ја сподели на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со случајот го истакна следното: „Од германските власти очекуваме да покажат максимални напори за расветлување на случајот. Расизмот е колективен рак.“

Калин им посака милост од Аллах на загинатите во нападите во Германија за коишто се подразбира дека се извршени со мотиви на непријателство кон странците, а на ранетите им посака побрзо оздравување.

Шефот на одделот за комуникации во претседателскиот кабинет Фахреттин Алтун, во објавата што ја сподели на својот профил на Твитер исто така ги осуди нападите и го напиша следното: „Извршените напади во Ханау, повторно ставија до знаење до кои димензии се дојдени растечкиот расизам, антиисламизмот и екстремно десничарските акции во Европа.“

Алтун, посакувајќи им милост од Аллах на загинатите во нападите и изразувајќи го своето сочувство до нивните семејства, го истакна и следното: „Посакуваме да престане оваа спирала на насилство со расистичка основа со којашто за жал се среќаваме често во Европа, со внимателност да се спроведе истрагата во врска со нападите во Ханау и да бидат фатени и најстрого казнети сите извршители на нападите.“

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик, во објавата што ја сподели преку социјалните медиуми во врска со нападите ја зинесе следната констатација: „Страотните напади се новото ѕверство на расизмот и фашизмот коишто ја преплавија Европа.“

Инаку, во извршените вооружени напади синоќа околу 22:00 часот по локално време на две кафетерии во градот Ханау во близина на Фракфурт во покраината Ессен, во Германија, загинаа 9 лица, а голем број се ранети.

Како што се истакнува меѓу загинатите има и Турци.

Амбасадорот на Турција во Берлин Али Кемал Ајдин истакна дека 5 мина од загинатите во нападите се Турци.



Слични вести